.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Роми вечерва го блокираа патот над Битола

Роми вечерва го блокираа патот над Битола

Вечерва магистралниот пат над Битола е блокиран.

Локалното население кое живее на периферијата над градот од левата и десната страна на магистралниот пат, излегло на протест во знак на револт оти како што велат останале без електрична енергија.

romi 2

Како што рекоа од битолската полиција за телевизија Тера, блокадата е од пред некаде два часа, а полицијата таму го регулира сообраќајот на овој магистрален пат. Запрен е сообраќајот кај бензинската станица на Лук Оил.

На средина на патот запалиле оган за да го спречат движењето на возилата од Ресен на кај Прилеп.

Жителите од оваа ромска населба велат дека се одлучиле на ваков протест оти останале без електрична енергија.

 

Фото: Тера

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*