Home / Спорт / Премиерот Заев на ракометните шампиони им врачи свечена плакета

Премиерот Заев на ракометните шампиони им врачи свечена плакета

Премиерот Зоран Заев од името на Владата на ракометните шампиони им врачи свечена плакета во Владата.

Сопственикот на РК Вардар,  Сергеј Самсоненко, на премиерот му подари еден од шампионските златни медали.

Успехот што го постигнавте е многукратно поголем за промоција на Македонија од сите амбасади и економски промотори“, рече премиерот Зоран Заев пред ракометните шампиони од ракометниот клуб Вардар, кои беа на прием.

Заев рече и дека нивниот успех ја мотивирал Владата да размислува за засилено темпо во инвестирањето во спортот и за дополнително предлагање закони кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за спортистите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*