Home / Вести / Пристигнаа првите купони со предлози

Пристигнаа првите купони со предлози

Само што ја најавивме  Акцијата на Битолски весник “ Избираме најуспешни битолчани 2017 “  во нашата редакција  веќе стигнаа и првите купони со предлози.

Нашите редовни читатели, деновиве покрај новогодишните честитки што ни ги испратија,  ги испратија и првите купони со предлози за тоа кои  битолчани,  според нив треба да се најдат на листата кандидати за најуспешните битолчани за 2017 година.

Интересно е што како да стана веќе традиција  во првите купони да ги добиваме предлозите на кандидати од областа на културата.  Тоа е уште една потврда дека Битола е град на културата и уметноста.

Од тоа што го забележавме во првите предлози има имиња и на некои спортисти , кои ја одбележаа сега веќе старата 2017 година.

Паралелно со добивањето на гласачките купони, во редакцијата на Битолски весник постојано пристигнуваат и предлози  преку нашата  меил адреса.

Инаку како и секоја година, така и овој пат, на Манифестацијата ќе бидат избрани најуспешните битолчани во областите на политиката, бизнисот, малото стопанство, занаетчиството, здраството, невладините организации, здруженија на граѓани, образованието, културата, уметноста, естрадата, спортот.

Изборот на најуспешните битолчани традиционално ќе се одржи последниот петок во месец февруари, а тоа  е петок, на 23 февруари 2018 година.

Годинава Битолски весник по 19 пат  ја организира Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани 2017 “ која  битолчани со право  ја нарекуваат битолски “ Оскар”.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!