Home / Вести / Првата награда за Иван Трајковски

Првата награда за Иван Трајковски

Денеска во Заводот и Музеј Битола, беа врачени наградите на нјуспешните  млади музичри на годинашниот фестивал на класична музика “Интерфест 2017 ”

Првата нагрда, во износ од 1.000 евра, која ја доделува познатиот македонски бизнисмен и филантроп, прв човек на невладината организација “Човекот пред се “ Трифун Костовски  ја освои младиот Иван Трајковски од Битола.

Наградата на Трајковски во името на Трифун Костовски му ја врачи директорот на Битолски весник, Менде Младеновски.

Инаку Иван Трајковски (1994) е роден во Битола, каде средното музичко училиште го завршува во класата на проф. Маргарита Татарчевска и проф. м-р Јана Четелева- Белевска. Во 2013 се запишува на Факултетот за музичка уметност- Скопје во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска.

Зема учество на семинари кај познати пијанисти: проф.м-р Елена Дикова – Бугарија, prof. Јури-Кот – Украина, А.Гиндин–Русија, А.Володин- Русија, Н.Томиќ- Србија,  Х.Холтман- Германија, Љубомир Гашпарович- Хрватска.

Во текот на своето образование бил учесник на натпревари на државно и меѓународно ниво, каде остварува високи резултати, а учествува и на значајни концерти каде покрај соло, настапува и во камерни состави на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Добитник е наповеќе награди на  државните натпревари од кои најистакнати се:

– 2007 год. добитник e на   II награда на Државниот натпревар по пијано што се одржа во Битола.

– 2010 год.. добитник e на I награда на Државниот натпревар на млади музичари по пијано што се одржа воСкопје.

– 2010 год. добитник е на I награда на Првиот државен натпревар на млади музичари по пијано што се одржа во Скопје.

– 2013 год. добитнике на прва награда на Државниот натпревар на ученици и студенти по пијано што се одржа во Скопје.

Во рамките на факултетот за музичка уметност секоја година учествува на полифониот конкурс на кој е добитник на први и втори награди.

Исто така добитник е и на меѓународни натпревари од кои најистакнати се:

  • 2005 год. на Интернационалниот натпревар по пијано “Интерфест” Битола е добитник на II награда.
  • Во 2008 год. добитник е на II награда на Меѓународниот натпревар по пијано “Даворин Јенко” што се одржа во Белград.
  • Во 2010 год. добитник е на I награда на Меѓународниот натпревар по пијано,,ArsKosova” што се одржа во Приштина.
  • Во 2010 год. добитник е на  II награда на Меѓународниот натпревар ,,Охридски бисери”- Охрид. и Специјална награда за најдобра изведба на композицијата“Toccata” од Khachaturian.
  • Во 2012 год.добитник е на диплома во ConcorsoPianisticoInternazionale Roma 2012што се одржа воРим- Италија.

Во 2012 година настапува како солист со Македонската филхармонија и го изведува концертот број 1 оп. 10  од Сергеј Прокофјев,а во 2016 исто со Македонската филхармонија го изведува концертот број 3 оп.26 од Сергеј Прокофјев.

  • Во 2017 год. дипломира на Факултетот за музичка уметност- Скопје на отсек пијано во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска со највисока оценка ,,CUM LAUDE”.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!