Home / Вести / Реновирањето на “Сју Рајдер “ ќе ја чини Општината уште 300 илјади евра

Реновирањето на “Сју Рајдер “ ќе ја чини Општината уште 300 илјади евра

                    

          Општината Битола во наредниот период ќе мора да плати  уште  300.000 евра по извршно решение за реновирањето на домот за стари лица  “ Сју Рајдер”

Ова во понеделникот на прес конференција  го соопшти градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

           -Се обраќам до јавноста да соопштам за уште едно финансиско оптоварување на Општината Битола наследено од претходната локална самоуправа предводена од ВМРО- ДПМНЕ.

Имено, по судска одлука потврдена од Апелациониот суд во Битола, за спор започнат на 8.4.2016, од општинската каса ќе се исплатат 300.000 евра на изведувачот за реновирање на домот за стари лица “Сју Рајдер” Битола.

Огромната сума е за договор склучен на 23.12.2011 година , во вкупна вредност од 850.549 евра. Сумата е без ДДВ, што стои во договорот, бидејќи парите  потекнуваат од фондови на ЕУ кои се ослободени од ДДВ. Од фактурите кои се достапни, фактурираната и извршена работа била за 616.338 евра без ДДВ. Но, исплатени биле  вкупно 955.616 евра од Министерството за локална самоуправа (МЛС) и Општина Битола, или повеќе за 339.277 евра, после што дополнително е доставена фактура, како оптоварување на Општината од 187.471 евро. 

Со тоа, по овој договор, целокупната исплатена сума  ќе достигне над 1.140. 000 евра без камата, истакна Петровска, која притоа  праша  зошто исплатените средства по пат на цесија од страна на  Општината не биле  поткрепени со фактура, или доставена градежна ситуација.

Петровска најави поднесување  постапка за ревизија на предметот  до Врховен суд и побара истражните органи да се вклучат во расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*