Home / Uncategorized / Сања Лукаровска директорка на УЈП

Сања Лукаровска директорка на УЈП

Владата на Република Македонија на вчерашната  седница  постави нови директори и на УЈП и на Агенција за храна и ветеринарство. За директорка на УЈП е именувана Сања Лукаревска, а за директор на Агенцијата за храна и ветеринарство е именуван Зоран Атанасов.

Владата ги разреши членовите на Управниот одбор на шумскиот резерват Јасен. За нови членови на УО на Јасен се именувани Марјан Даскаловски, Зоран Наков, Ирена Станкоска, Ристо Спасовски и Илми Селмани.

Владата, за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат го именуваше Томе Спировски. Разрешена е в.д. директорката Надица Николоска, поради тоа што е констатирано дека и е истечен мандатот од 9 мај 2017 година.

Од вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, на негово барање е разрешен Ванчо Шехтански.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*