Home / Вести / Се е подготвено за Меморијалниот турнир “Мате Шундовски“

Се е подготвено за Меморијалниот турнир “Мате Шундовски“

Битолски весник, кој со поддршка на Трифун Костовски го организира турнирот на ветераните, посветен на познатиот диригент на битолските тифози Мате Шундовски ги заврши сите подготовки за утрешниот турнир.

Во 15  часот под Тумбе Кафе играат  ветераните на Пелистер и Победа, а во 18 ,30 часот во спортската сала Боро Чурлевски се среќаваат Пелистер,селекцијата на Пепи Манасков и селекцијата на Ккире Лазаров 7.

На сите победници и учесници на турнирот ќе им бидат доделени пехари и дипломи, а Битолски весник за овој турнир испечати и стотина маици кои ке им бидат доделени на учесниците на турнирот и на гостите.

По завршувањето на турнирот на семејството на Мате Шундовски ке му биде доделена диплома и уметничка слика, која ке ја подари Трифун Костовски, а  награди ке добијат и неколку позонати битолски  ветерани.

По зваршувањето на турнирот во хотелот за сите учесници и гости во Епинал ќе се одржи голема свечена вечера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!