Home / Uncategorized / Ветераните ги вратија сеќавањата за Мате

Ветераните ги вратија сеќавањата за Мате

Викендот во Битола, на стадионот под “Тумбе Кафе” и спортската сала “ Боро Чурлевски “ помина во знакот на одржувањето на првиот меморијалн турнир за ветерани во фудбал и ракомет “ Мате Шундовски”, кој се одржа во организација на Битолски весник,  а под покровителство на заљубеникот во Битола, познатиот спортски работник и филантроп, Трифун Костовски како и општината Битола.

Тоа беше настан  на кој љубителите на фудбалот и ракометот во Битола долго ќе се сеќаваат. Тој настан посебно ќе го паметат членовите на најтесното семејство на познатиот диригент на битолските “тифози” Мате Шундовски, кои не го криеаја своето задоволство од извонредната организација на турнирот.

Најпрво љубтелите на фдубалот во Битола имаа можност да го проследат натпреварот на ветераните Пелистер и Победа,(2:2) кои со своите атрактивни потези, а посебно со двата постигнати гола на Победа и Пелистер предизвикаа ерупција од воодушевување кај љубителите на фудбалот.

Посебна атракција беше голот кој го постигна Тони Мицевски од слободен удар, со кој потсети на своите најдобри времиња.

Подоцна во спортската сала “ Боро Чурелвски “ се одржа турнир за ветерани во ракомет на кој настапија ветераните на Пелистер, селекцијата на Пепи Манасков, како и членови на академијата за ракомет  на “Кире Лазаров 7”.

Тоа што вечно ќе им остане во сеќавање на сите учесници на турнирот сигурно ќе биде   атмосферата која подоцна се случи на забавата во хотелот  Епинал, каде се играше и пееше до раните утрински часови.

Според сите присутни на настанот, кој целосно го спонзорираше Трифун Костовски, тоа беше незаборавно дружење на ветераните кои како на теренот  така и во Епинал се преставија  во извонредно светло, особено   пред микрофонот кога запееја неколку познати хитови.

Инаку организаторот на турнирот, покрај пехарите и дипломите за учесниците и победниците на турнирот, на свечената вечера на неколкумина легенди на битолскиот фудбал: Михајло Јованов-Чик, Властимир Мицевски, Петар Атанасов, Никола Ивановски, Валентин Христовски,Тое Димитровски – Тарзано,  им беа доделени дипломи за афирмацијата на битолскиот фудбал, а  на  внукот на Мате Шундосвки, Матеј му подари уметничка слика.

На настанот присуствуваше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

-Ова беше извонреден настан кој ќе направиме се да биде традиционален. Битола е град на спортот, а посебно на ракометот, кој мора да се врати на старите патеки, истакна по завршувањето на турнирот покровителот Трифун Костовски, кој најави дека секоја година пред 11 Октомври во Битола ќе се одржува овој турнир во фудбал и ракомет и дека идната година тој ќе биде уште поквалитетен.

Фото: Димитар Петковски

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!