Home / Uncategorized / Секој дел од Битола е тажна приказна

Секој дел од Битола е тажна приказна

Секој дел од градот со своја тажна приказна. Секоја населба со слични инфраструктурни проблеми, а жителите бесни и прелажани прашуваат кога вистински ќе ги осетат благодетите од 21 век- да живеат во град со пристојни улици по кои нема да ги уништуваат автомобилите ги валкаат чевлите.

Ова е резултат од владеењето  на Дпмне.

Денес се наоѓаме на уште една од многуте заборавени улици во градот.  Во месната заедница “Кочо Десанот“ Овие фрекфентни улици години наназад останале заборавени од  досегашната власт и не им паднало на памет дека истите треба да бидат реконструирани,  а дел и изградени и тука завршува приказната.

Од ова место, ги прашуваме Дпмне и Илиоски: Како најавуваат измислени мегаломански предизборни проекти, кога во изминатите 12 години не ги исполнија проектите кои имаат основно значење за животот на граѓаните.

За разлика од нив, идната локална самоуправа предводена од СДСМ и Коалицијата транспарентно и  одговорно ќе ги реализира предвидените инфраструктурни проекти:

 

-Реконструкција на дел од комуналната инфраструктура на ул. „Стив Наумов“ и ул. „ЦарСамоил“ ,

-Уредување на дворот и детските реквизити за забава  во паркот во М.З. КочоДесано

-Осветлување на улиците

-Поставување на вертикална сообраќајна сигнализација

-Изградба на детски парк и нови зелени површини во М.З. Васко Карангелевски

-Уредување на просторот околу  хотел  Битола

Со решавање на напластените комунални проблеми во градот ќе обезбедиме достоен  живот за секој граѓанин, бидејќи битолчани го заслужуваат тоа.

Време е за промени

На 15ти октомври правилната одлука е бројот 19- за живот во конзулска Битола!,изајви на пресот Жаклина Наумовска, кандидатка за советник на   СДСМ и Коалицијата “За живот “.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*