Don't Miss
Home / Uncategorized / Се заострува политичката пресметка на власта и независната листа “ Поинаку “ во Битола

Се заострува политичката пресметка на власта и независната листа “ Поинаку “ во Битола

                 

          Политичката битка помеѓу локалната власт во Битола и независната советничка листа “Поинаку“ се заострува.

          Оваа битка особено се заостри по последните протести пред зградата на Општината кога битолчани протестираа за загадениот воздух.

          На денешната прес конференција советничката на СДСМ и секретар на  партијата на власт, Жаклина Наумовска побара оставка од советникот на Поинаку.

          -Бидејќи на вчерашната седница на Советот на општина Битола повторно бевме сведоци на повикување на линч со камења, што претставува форма на најпримитивно насилие, советникот кој што тоа го искажа јавно, го прашуваме дали има врска со насилието пријавено во билтенот на СВР Охрид, каде стои дека е поднесена кривична пријава против лицето И.Ч.  од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “противправно лишување од слобода” и “телесна повреда”?

Доколку има, го повикуваме, заради сериозноста на функцијата советник, на којшто граѓание, меѓу кои и жени, му дале доверба да ги претставува со советот на општина Битола, како највисока форма на локална самоуправа, да си поднесе неотповиклива оставка. Воедно, ако пријавата се однесува на него, бараме неговата колешка советник, која што воедно е и претседател на комисијата за родова еднаквост, да се огради од неговите форми на изразување како советник. Дали повикува на насилие токму поради фактот што имаме жена градоначалник?!? праша советничката Жаклина Наумовска .

 Ваквите наводи на советничката на СДСМ буквално ги затече  членовите на “Поинаку “

Од таму одбија да ја коментираат изјавата на Наумосвка, и ни изјавија дека откако ќе  ја проучат изјавата на Наумовска и ќе се консултираат ќе излезат со став пред јавноста.    Но тие  тврдат дека наместо Наумовска да прашува кој се крие за иницијатлите И.Ч требаше да кажат кој е тој и каков прекршок  наводно направил во Охрид.

          Од Поинаку тврдат дека во последно време од страна на локалната власт во Битола  се зачестија притисоците врз нив, откако јавно ја прозваа власта за загадениот воздух во Битола. Но од Поинаку тврдат дека  тоа нема да ги исплаши и дека тие и натаму, како што впрочем тоа го правеа заедно со СДСМ кога беше опозиција ќе  се борат со битолчани за чист воздух, велат од Поинаку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*