Home / Политика / Шекеринска: Нашиот план е минимална плата од 16 илјади денари за сите

Шекеринска: Нашиот план е минимална плата од 16 илјади денари за сите

Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската лисата на СДСМ и коалицијата во изборната единица 5 од Битола порача дека мора да сопре масовното иселување на младите од Македонија. СДСМ, истакна Шекеринска има план како тоа да го направат.

-Мора да го запреме масовното иселување на младите за кои ни зборуваат граѓаните низ Битола, но исто и низ цела Македонија. Имаме План како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина-  изјави во Битола,  Радмила Шекеринска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во И.Е. 5.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имале  десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија.

-Тие сметаат дека најважно од се е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови-  смета Шекеринска.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*