Home / Македонија / СЈО го побара предметот познат како „Сопот“

СЈО го побара предметот познат како „Сопот“

Денеска Специјалното јавно обвинителство информираше дека на 4 октомври го побарал предметот познат како „Сопот“.

– Од наша страна до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесено е барање за доставување на предметот познат во јавноста како „Сопот“.

Предметот е побаран со цел да одлучиме дали овој предмет спаѓа во надлежноста на Специјалниот јавен обвинител, имајќи предвид јавно објавен разговор од незаконски следените комуникации – се вели во соопштението.

Случајот го доби името по селото во чија близина на пат имаше поставено нагазна противтенковска мина на која нагази џип на НАТО во кој имаше полски војници и наши државјани. Од силната детонација и експлозија загинаа двајца војници и еден македонски граѓанин. Од силната детонација загинаа припадниците на полскиот контингент на НАТО, Павел Легински и Фјодор Никуловски, и цивилот Крунислав Кипријановски, а тешко беа повредени преведувачката Поликсена Филиповска и Милевка Кипријановска.

Неколку недели по трагедијата беа уапсени 12 жители на кумановското село Сопот, а имаше обвинителна пресуда.
Овој судски процес имаше неколку преотворања, а за целиот случај беше формирана во Собранието и посебна комисија што требаше да ја преиспита судската одлука, но и да го истражи целиот случај. Главен доказ во целиот случај беше тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*