Home / Вести / Талат Џафери: До крајот на денот ќе се избере ДИК

Талат Џафери: До крајот на денот ќе се избере ДИК

Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за Макфакс вели дека на денешната седница, која очекува да трае до доцна вечер, ќе биде избран новиот состав на ДИК.

Според собранискиот спикер, во идните неколку часа треба да се закаже и комисијата за избори и именување, каде ќе се утврдат кандидатите кои ќе бидат дел од новиот состав на ДИК.

Џафери чека официјално известување за да се одлучи како ќе се постапува за измените во изборниот законик, кои денеска се ставени на пленарна седница. Сите собраниски тела треба да завршат со работа во текот на денот, а до вечер да биде избран новиот состав на ДИК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!