Home / Uncategorized / Талески по Битолски весник во отворена војна и со Радио Б – 97

Талески по Битолски весник во отворена војна и со Радио Б – 97

Суетите на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кои ги брои последните денови од својот трет мандат немаат крај. Откако цели 8 месеци се обидува на секој начин да го згасни Битолски весник, Талески тргна и во отворена војна со Радио Б – 97.

Однесувајки се по принципот “Општината тоа сум јас “  градоначалникот Владимир Талески веќе неколку месеци, најпрво преку своите служби, а  подоцна и преку адвокатот Драган Пажиќ се обидува да го натера Радио Б – 97 да ја острани опремата што ова битолско радио ја купи од стечајната маса на Радио Битола.

Деновиве градоначалникот Талески, кој пред неколку години  ја поздрави одлуката на Радио Б -97 да го обнови Радио Битола во стечај и повторно да се слушне гласот на најстарото битолско радио во државата, сега, на само неколку дена пред почетокот на (пред)изборната кампања за локалните избори, кога тој ги брои последните денови, откако ги заврши и реализира сите работи и проекти, настојува  преку својот адвокат Драган Пажиќ присилно да го натера Радио Б -97 да ја демонтира целокупната опрема која се наоѓа во студијата на зградата на Радио Б итола.

Во тужбата, која деновиве ни беше доставена,  Талески инсистира во рок од 8 дена по добивањето на пресудатаа Радио Б – 97 да ја  острани целокупната опрема од зградата на Радио Битола.

Ваквата постапка на Талески, пред самиот почеток на изборната кампања е само уште една потврда дека градоначалникот на Битола, воден од неговата невидена суета, е цврсто решен да се пресмета покрај со Битолски весник и со Радио Б-97, кое ја купи целокупната опрема на Радио Битола од стечајот.

Поопширно утре во печатеното издание на Битолски весник

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*