Home / Uncategorized / Тешко разбојништво врз битолчанец

Тешко разбојништво врз битолчанец

Во текот на вчерашниот ден, во 07 часот на регионалниот пат Битола-Ресен, на паркинг простор кај место викано „Ѓавато”, двајца непознати сторители извршиле разбојништво врз 53-годишниот Ѓ.П. од Битола. Ѓ.П. застанал да наполни вода и во тој момент лицата му побарале пари. Откако им рекол дека нема, едно од лицата му ја свиткало раката, а другото лице од рака му ја одзело белегзијата. После тоа, со мотоцикл го напуштиле местото и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*