Don't Miss
Home / Uncategorized / Тимоние со честитка до Чадиковски

Тимоние со честитка до Чадиковски

Амбасадорот на Франција во Република Македонија, неговата екселенција Кристијан Тимоние упати честитки до новоизбраниот претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски. „Вашето назначување ги вреднува високите професионални квалитети што ги покажавте во текот на вашата долгогодишна кариера“, напиша амбасадорот Тимоние во писмото кое го испрати до новоизбраниот претседател.

Понатаму во писмото се вели дека г. Тимоние посакува да ја продолжи соработката со Здружението на ист начин како што тоа беше случај во минатиот период.  „…особено го цениме Вашето здружение поради неговата независноста и ефикасност. Се надеваме дека одличните односи што ги имавме со вашиот претходник ќе продолжат во истиот дух на доверба и транспарентност“, пишува во писмото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*