Home / Вести / Уапсен “Малчанскиот бербер“ во Србија

Уапсен “Малчанскиот бербер“ во Србија

Нинослав Јовановиќ, познат како „малчанскиот бербер“, денес е уапсен во полициска акција на подрачјето на Малча.

Педофилот околу пладне бил виден во една куќа. Според досега достапните информации, се претпоставува дека тој преспал во таа куќа, а излегол надвор во потрага по храна.

Педофилот Нинослав Јовановиќ беше во бегство седумнаесет дена, а интензивното пребарување од страна на српската полиција не запре ниту за новогодишите празници.

Малата Моника којашто тој ја киднапирал и девет дена ја држел во заложништво, беше пронајдена пред неколку дена во селото Пасјача.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!