Денеска свечено беше одбележана 70 годишнината од постоењето на Националната установа Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски- Битола.
Битолската библиотека низ годините бележи растеж и по многу нешта наликува на библиотеките од Европа и светот.
Освен библиотечната дејност, значајна е и издавачката дејност, а битолската библиотека има издадено повеќе книги од сите библиотеки заедно во земјава, вклучувајќи ја и Националната библиотека од Скопје.
Денес, НУУБ „Св. Климент Охридски” прерасна во современа библиотека која достигна импозантна бројка од 600.000 книги.
-Денеска имаме современа и модерна институција која опфаќа 3000 метри квадратни површина од која барем половина е наменета за читателите. Имаме 7000 читатели и дневна посета од 700-800 лица- рече директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски “, Науме Ѓорѓиевски.
Освен библиотечната дејност, „Св. Климент Охридски” зад себе има богата издавачка дејност.
-Монографијата што ја напиша мојот омилен професор Филип Каваев „Св. Климент Охридски” ја издаде токму оваа библиотека. Се до денес издавачката дејност е важна, особено 10-те зборници што редовно се печатат од 10-те одржани родникрајни средби- рече проф. д-р Вера Антиќ.
Овој голем јубилеј потврдува колку Битола била значајна во минатото, од првите читалишта, па се до ден денес, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талески.
-Знаете дека Битола е универзитетски град, студенти, средношколци, основци и останатите повозрасни читатели секојдневно ја посетуваат библиотеката- рече д-р Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола.
Б.В.