Don't Miss
Home / Македонија / Управен ја прифати тужбата на ВМРО-ДПМНЕ – нема прегласување во Гостивар

Управен ја прифати тужбата на ВМРО-ДПМНЕ – нема прегласување во Гостивар

Управниот суд со мнозинство гласови денеска ја уважи тужбата на ВМРО ДПМНЕ за одлука на ДИК за гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Тужбата на владејачката партија се однесуваше на прифатениот приговор на партијата БЕСА од страна на ДИК за изборното место 0396/1 во општина Гостивар во изборната единица шест.

Според соопштението на судот, решението на ДИК се преиначува и се отфрла како неуредно, а одлуката за прегласување во конкретното избирачко место се поништува.

Приговорот од БЕСА, според судот, не бил потпишан од подносителот, односно од овластениот претставник на партијата, при што ДИК погрешно постапила. Тоа беше единствениот приговор на БЕСА кој го прифати ДИК.

Со оваа одлука Управниот суд заврши со работата по приговорите за изборите и прегласување ќе има само на едно избирачко место во општина Теарце.

Таму е прифатена тужбата на СДСМ, а одбиена е втората тужба за уште едно избирачко место во општина Теарце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*