Home / Спорт / Ветераните на Пелистер против репрезентацијата на Македонија

Ветераните на Пелистер против репрезентацијата на Македонија

Следниот вторник на 10 октомври во 18.30 часот во спортската сала „Младост“ во Битола ќе се одигра ракометен дуел на ветераните на Пелистер и македонската репрезентација. На иницијатива на дел од ракометните легенди како Пепи Манасков и Златко Димитровски, една златна генерација која ги направи првите чекори и на националниот тим во раните деведесетти, ќе се собере и ќе приреди голема забава за љубителите на ракометот. Пепи Манасков, кој блесна и направи ракометно име во Битола, овој пат ќе ја предводи репрезетацијата на Македонија. На спротивната страна Пелистер ќе биде преполн со ѕвезди од неколку генерации. Потврдено е учеството на Стевче Стефановски, Зоран Атанасовски, Златко Димитровски, Стевче Алушовски, Абдула Јусуфовски, Кире Поповски, Игор Николовски, Александар Зарков, Петко Босеовски, Кире Атанасовски, Душан Новокмет, Наумче Мојсовски и Сашо Јанкуловски. Поканети се и Слободан Николиќ и Александар Мирзамамедов, а на клупата на „зелените“ ќе седне најтрофејниот македонски тренер, Цане Крстевски. Се најавува полна сала во Битола, големо дружење и потсетување на едно убаво време на ракометот во најракометниот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*