Home / Вести / Судот го прифати обвинителниот акт за “ Триста“

Судот го прифати обвинителниот акт за “ Триста“

Основниот суд Скопје 1 го прифати обвинителниот акт за предметот „Триста“

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 Скопје го одби приговорот на одбраната на обвинетиот Ѓоко Поповски во предметот „Триста“ и во целост го прифати обвинителниот акт на СЈО против него.

– Советот за оценка на обвинителен акт, во состав судија Верка Петковска како претседател на совет и судиите Горан Бошевски и Татјана Михајлова, постапувајќи во оценка на обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите (СЈО) со НСК – КО бр. 6/17 од 29.06.2017 година против обвинетиот Ѓ.П. донесе решение со кое приговорот на одбраната на обвинетиот се одбива како неоснован, а обвинителниот акт се одобрува во целост -соопштија денеска од Судот.

Посочуваат дека оценетиот обвинителен акт, согласно АКМИС – системот, електронски ќе биде распореден на судија за понатамошно постапување кој треба да закаже термин за одржување главна расправа по предметот, за што, како што велат, јавноста ќе биде навремено информирана.

Ѓоко Поповски, е обвинет дека како помошник министер во МВР ја злоупотребил службената должноост при набавка на 300 полициски возила

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!