Home / Uncategorized / Владата бира нови директори

Владата бира нови директори

На денешната седница на Владата се очекува да бидат именувани нови директори на  БЈБ и УБК,  како и на некои пoголеми компании.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека има одлука кои ќе бидат новите директори, но не сакаше да ги соопшти нивните имиња додека не бидат одобрени од Владата. Спасовски очекува на денешната владина седница да бидат комплетирани најважните раководни функции во МВР.

„Имаме одлука кои ќе бидат, на седница на Влада ќе ги доставам во моментот кога ќе сметам дека треба да ги избереме, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

Неофицијално, за директорското место во УБК во трка се две имиња: Борче Петревски и Горан Николовски. Двајцата имаат долга кариера во министерството и во Управата за безбедност и контраразузнавање. За наследник на Митко Чавков во Бирото за јавна безбедност се очекува да биде поставен Лазо Велковски кој кратко беше на чело на БЈБ во времето на премиерот Хари Костов.

Поставувањето на директори во МВР беше најавено уште на владината седница во вторникот, но тогаш беше именуван само државен секретар за министерството. Магдалена Несторовска е именувана за државен секретар, а претходникот на Спасовски, Агим Нухиу ќе остане како заменик министер во МВР.

И премиерот Зоран Заев изјави дека очекува до денеска да бидат познати имињата на новите директори. БЈБ и УБК, односно нивните директори Митко Чавков и Владимир Атаносовски во извештајот на работната група за крвавиот четврток во Собранието, беа посочени како одоговни за упадот, односно дека со своето недејствување го овозможиле крвавиот настан од 27 април.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*