Home / Uncategorized / Влезниците (рас)продадени!

Влезниците (рас)продадени!

                           

          Иако до завршниот дел на Манифестацијата на Битолски весник  “ Избираме најуспешни битолчани  2019 “ остануваат уште  16 дена влезници  повеќе нема.

         

          Ваквиот голем интерес  за свеченото прогласување на најуспешните битолчани, кое ќе се одржи на 28 февруари ги надмина сите очекувања на редакцијата.

          Во изминатите 20 години не паметиме вака голем интерес за присуство на Манифестацијата.

          Тоа е најдобра потврда за големиот рејтинг кој го има оваа Манифестација, која стана вистински бренд на Битола и која со право битолчани ја споредуваат со доделувањето на оскарите.

          Паралелно со големиот интерес за присуство на Манифестацијата огромен е и интересот за признанијата на Битолски весник.

          Веќе досега во редакцијата се пристигнати над 100 кандидати за признанијата, така што нас како организатори ќе ни биде доста тешко да ги одбериме најуспешните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*