Home / Вести / Во Новаци битка за секој глас

Во Новаци битка за секој глас

Во Новаци атмосферата пред вториот круг е пред точка на вриење. Пред неделното гласање од вториот круг во кој кандидати се актуелниот градоначалник Лазар Котевски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ и Љубе Кузмановски  на СДСМ Коалицијата се води беспоштедна битка за секој глас.

  –Изминатите десетина денас сведоци сме на сеење на страв, уцени, злоупотреби. Особено голем притисок се врши врз вработените во РЕК Битола. Им се закануваат да не излегуваат на гласање или да гласаат за СДСМ, во спротивно ќе ги сменат од работните места или ќе ги избркаат од работа, рече Котевски и додаде:

„Стотици граѓани ни се јавуваат и ни кажуваат дека се плашат за нивната безбедност, за нивното работно место,истакна Лазар Котевски кој ги повика да не се плашат и масовно да излезат на изборите и да го дадат гласот за него, а Новаци да остани бастион на ВМРО ДПМНЕ.

На присутните на митингот му се обрати и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, кој истакна дека овие избори се нерегуларни, дека се врши притисок врз граѓаните и дека изборите наликуваат на африкански, за кои се потрошени над 20 милиони црни пари.

Тој упати  остри критики на работата на Владата на Зоран Заев, нарекувајќи ја марионетска влада која треба да ги исполни барањата на тие кои ја инсталираа по изборите на 11 декември, на кои победи ВМРО ДПМНЕ, рече Груевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!