Home / Македонија / Во полициската акција “Јагула“ уапсен екс-градоначалникот на Охрид, Александар Петрески

Во полициската акција “Јагула“ уапсен екс-градоначалникот на Охрид, Александар Петрески

Кривичните дела се правени од 2007 до 2013-та година, со што осомничените го оштетлите општинскиот буџет за 47 милиони денари, а се стекнале со противправна имотна корист од 148 милиони денари, а 2 милиони денари во лична корист на екс градоначалникот, кој истовремено се товари и за примање поткуп во 2 случаи од 734 илјади денари…

Екс- градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески уапсен во полициската акција „Јагула“, соопшти МВР. Покрај него уапсени се уште 13 лица поврзани со коруптивни афери околу местење тендери и други кривични дела поврзани со јавните набавки во Општина Охрид.

Кривичната пријава што ја поднесе МВР е за 16 лица за сторени кривични дела злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари, фалсификување или оштетување деловни книги, оштетување или повластување на доверители, примање поткуп и помагање.

Првоосомничениот Петрески се товари за сите овие дела освен за помагање.

Еден од осомничените е надвор од државата, а за уште едно лице се преземаат мерки за негово пронаоѓање, велат од МВР.

Покрај Петрески во криминалната група се инволвирани и негови некогашни советници, раководители на сектори, блиски соработници од Општината и неколку сопственици на правни субјекти.

Кривичните дела се правени од 2007 до 2013-та година, со што осомничените го оштетлите општинскиот буџет за 47 милиони денари, а се стекнале со противправна имотна корист од 148 милиони денари, а 2 милиони денари во лична корист на екс градоначалникот, кој истовремено се товари и за примање поткуп во 2 случаи од 734 илјади денари.

Александар Петрески е уапсен утрово во Скопје, а останатите негови соучесници се од Охрид, а едно лице е од Струга.

 

Извор:  мрт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*