Don't Miss
Home / Политика / Заев ја фрли и втората „бомба“

Заев ја фрли и втората „бомба“

Најголемата опозициска партија СДСМ, денеска одржа прес-конференција на која претседателот Зоран Заев објави нови аудио снимки од телефонски разговори кои како што рече се доказ за криминални активности на владејачките структури што во изминативе месеци беа најавувани како „бомби”.

Денешната прес-конференција е продолжение на првичната на која Заев објави дека над 20.000 граѓани во Македонија, меѓу кои и министри, новинари, бизнисмени, функционери на власта, Синодот, ИВЗ и невладини организации незаконски биле прислушувани.
Заев денеска презентираше телефонски разговори помеѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и поранешниот министер за правда Михајло Маневски, на лидерот на коалицискиот партнер во Владата, ДУИ, Али Ахмети, на Јанкуловска со вицепремиерот за финансии Зоран Ставрески, пренесува Нова Македонија.
Извор: Нова Македонија

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*