Home / Вести / Законот за јазици ќе чека кворум

Законот за јазици ќе чека кворум

 Гласањето за Законот за јазици ќе почека до четврток, заедно со изборот на Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии во Уставниот суд и укинувањето на Советот за утврдување на факти.

Спикерот Џафери ги презакажа седниците, откако во салата се собраа само 52 пратеници. Опозициската ВМРО- ДПМНЕ на координативен состанок одлучи и натаму да ги бојкотира седниците. Лидерот на партијата Христијан Мицковски како образложение за одлуката наведе дека нема демократска атмосфера за тие да се вратат во Собранието.

„12 проценти од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сеуште се наоѓа во притвор. Тоа се 5 проценти од вкупниот број на пратеници кои се соочуваат со конструиранообвинение за тероризам. Човековите права беа прекрпени, а власта ги погази законите демонстрирајќи сила врз народните избраници.“ – изјави Мицкоски.

На почетокот на седницата, Џафери извести дека пратеникот Јусуф Хасани од Демократската партија на турците ја напушта коалицијата со ВМРО- ДПМНЕ, а ќе настапува како независен пратеник. Мицковски, зад кого за време на денешната изјава застанаа едвај половина од пратениците на ВМРО- ДПМНЕ го повтори ставот дека постои единство во редовите на опозицијата.

Собранискиот бојкот на опозицијата најверојатно ќе продолжи се додека не се исполни барањето на ВМРО- ДПМНЕ за осомничените лица за настаните од 27 април да бидат пуштени на слобода. На одлуките за продолжување на притворите пристигнаа вкупно 16 жалби во Апелација и се дадни на мислење во вишото јавно обвинителство, но се уште нема одговор на нив.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!