Home / Спорт / Пелистер во длабока криза. Клубот остана без фудбалери

Пелистер во длабока криза. Клубот остана без фудбалери

Фудбалскиот клуб Пелистер никогаш во својата богата клупска  историја не се наоѓал во поголема криза отколку сега. Според многумина Пелистер е сега во полоша ситуација, откако пред три години, под раководството на Ѓоко Хаџиевски  испадна од Првата фудбалска лига.

Клубот, кој беше гордост на градот и кој во минатата сезона го освои купот на Македонија е речиси пред расформирање.

Иако денеска требаше “пелистерци “ да ги почнат подготовките за пролетниот дел од првенството, тренерот Спасе Ристевски, кој по заминувањето на  Срѓан Захариевски седна на  тренерската клупа не ја закажа прозивката.

-Како да закажам тренинг кога едноставно нема фудбалери.  Моментно Пелистер брои само 7 фудбалери,  а кога мојата изјава ќе ја види светлината на денот, може играчкиот состав да биде и помал, бидејќи секој ден по некој  фудбалер си заминува од клубот.Од вкупно 25 фудбалери, колку што имавме на списокот на играчи досега си заминаа дури 18 фудбалери, па така сега екипата брои само 7 играчи, вели тренерот  Спасе Ристевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!