Don't Miss
Home / Македонија / Нов мандат за Живко Митревски

Нов мандат за Живко Митревски

Денеска, во хотелот “Горица“ во Охрид, д-р Живко Митревски повторно е избран за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Сите присутни 98 делегати колку што присуствуваа на Конгресот, едногласно гласаа д-р Живко Митревски да биде на чело на Сојузот на синдикатите и во наредните пет години.

Од денешното изборно Собрание во Охрид

Од денешното изборно Собрание во Охрид

Иако, имаше некои најави дека на Конгресот ќе има неединство, сепак, едногласниот избор на Митревски како единствен кандидат, и поддршката што тој ја доби од 17 гранкови синдикати, покажа дека во ССМ е изградено единство на Синдикатот.
По изборот, Живко Митревски изјави дека во наредниот период, Синдикатот главно ќе се залага за интензивирање на колективните договарања, формирање на синдикални организации во претпријатијата во кои досега не се формирани, трансформација на работниот однос на работниците од определено на неопределено време, и подобрувањето на социјалната положба на работниците.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*