Don't Miss
Home / Македонија / Втора лидерска средба, нова закажана за 26 мај

Втора лидерска средба, нова закажана за 26 мај

Нова средба на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, СДСМ Зоран Заев, ДУИ Али Ахмети и ДПА Мендух Тачи е договорена за 26 мај.

На денешната средба биле презентирани предлозите на ДУИ за формирање работни групи за изнаоѓање решенија за излез од политичката криза, но за нив не биле отворени разговори.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека ќе ги разгледаат предлозите на ДУИ. За ДПА дел од тие предлози се прифатливи.
По средбата изјава даде лидерот на СДСМ Заев, кој соопшти дека разговорите ќе продолжат на 26 мај, имајќи предвид дека утре е закажан состанок во Стразбур.

0B1AE6CEBDA878458001622FACE04B2B  360F6C68DD57D84FB6100FF5C035D574

– Договоривме  наредна средба на 26 мај во истиот термин. На масата беше ставен предлог за теми за разговор од ДУИ, но секако се најавени и теми за разговор од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и од ДПА. Не отворивме никакви разговори за самите теми, бидејќи претходно мора да се решат одредени прашања – рече Заев.

Според него, треба да се разгледа принципиелноста во самите предлози, рамноправноста на учеството на сите и гаранција за спроведување на сето она што ќе биде договорено.

– Очигледно некој исчекор од средбата нема – оцени Заев.

Го повтори барањето на СДСМ за преодна влада. Претходно од партијата брифираа дека не влегуваат во евентуални разговори за преодна влада се додека премиерот не си поднесе оставка. СДСМ цени дека предлогот на ДУИ за формирање работни групи е всушност предлог и на ВМРО-ДПМНЕ, а го поддржува и ДПА.

Луан Треси, шеф на кабинетот на лидерот на ДПА потврди дека имало предлог на маса и оти дел од тие точки се прифатливи за нив, но оти исто така ДПА ќе ги соопшти своите предлози.

Амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав присуствуваа и на оваа средба, но и овојпат како набљудувачи.

 

 

Извор: Нова Македонија

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*