Don't Miss
Home / Политика / Антонио Милошоски: Зголемени пензии за 10.25 %, бањска рекреација и рекреативни туристички викенди за пензионерите

Антонио Милошоски: Зголемени пензии за 10.25 %, бањска рекреација и рекреативни туристички викенди за пензионерите

Зголемување на пензиите за 10.25 %, дополнителна  програма за бањска рекреација на пензионерите која ќе важи за 22.000 пензионери  и рекреативни туристички викенди за 15.000 пензионери  е предвидено во  програмата „РЕАЛНО” на ВМРО-ДПМНЕ, најави денеска во Битола,  Антонио Милошоски,  носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5 по средбата со пензионерите.

-Она што го имаме како новина е воведување и на еден проект што ќе значи бесплатно вакцинирање за пензионери за одредени групи на пензионери кои имаат најниски примања. Сметаме дека пензионерите се, не само важен дел за нас како политичка партија, туку се уште поважен дел за нивните семејства на кој што со нивните можности  им помагаат,  посочи Антонио Милошоски, носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Петтата изборна единица по средбата со битолските пензионери.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*