Home / Uncategorized / Бркотници на полицајци во Битола

Бркотници на полицајци во Битола

Педесет и тригодишен битолчанец со мотор возел во спротивен правец на улицата „Цар Самоил” во Битола, во која сообраќајот е еднонасочен. Во истиот момент и полициски службеници со службено возело поминувале по улицата и кога го зебележале мотоциклистот го предупредиле дека се движи во забранета насока.

Тој им одговорил со висок тон, по што полицајците застанале да го легитимираат и да го отстранат од сообраќајот.

Возачот не ги послушал наредбите, го стартувал мотоциклот и побегнал, повторно во спротивен правец. Полициските службеници продолжиле со движењето, но во еден момент мотоклицистот се појавил зад нив и почнал да вика да застанат, ги навредувал и ги омаловажувал, заканувајќи им се по животи. Тие го сопреле возилото и излегле, повторно се легитимирале и побарале од лицето документ за идентификација.

Возачот одбил да се легитимира, велејќи дека и тој е полицаец и физички ги нападнал полициските службеници, кои успеале да ги избегнат ударите. Го задржале лицето до доаѓањето на интервентната екипа, по што било приведено.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно расветлување и документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*