Home / Култура / Марјан Неќак со Дневникот на лудиот во Минхен

Марјан Неќак со Дневникот на лудиот во Минхен

Македонскиот  „Moving Music Theatre“, чиј основач и менаџер е Марјан Неќак, ќе настапи во театарот МЕТА во Минхен, Германија. Се работи за еден од најважните центри во Германија во кој „Moving Music Theatre“ ќе ја изведе моно-операта „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, чиј режисер и композитор на музиката е Марјан Неќак.

-Во Минхен ќе настапиме на 9 и 10 февруари и информирани сме дека
претставата ќе ја следат највлијателните продуценти, режисери,
драматурзи и театарџии од Германија. Во пресрет на исклучително важното гостување за македонскиот „Moving Music Theatre“, посебно се радуваме на информацијата дека моно операта „Дневникот на Лудиот“ се најавува како најважната претстава од Балканот која добила над 10 награди на меѓународни фестивали, а од критичарите беше прогласена за најдобра претстава во периодот 2016-2017 година, вели Неќак.

Дневникот на лудиот, е во изведба на хрватскиот актер Озрен Грабариќ. Видеото го изработи Марин Лукановиќ. Претставата доби награда на 11-тиот по ред фестивал на медитеранскиот театар Пургаториј 2016 кој се одржува во Тиват, беше наградена и на фестивалот ПУФ во Пула, Хрватска, за поединечно и заедничко уметничко остварување и презентација на познатото дело на Гогољ, потоа доби награда на фестивалот Инфант во Нови Сад, на
фестивалот Мали сцени во Риека доби три награди и тоа за најдобра
музика, награда за главна машка улога и награда доделена од весникот „Нови лист“за машка улога, а тука е и наградата од публиката на фестивалот на монодрама во Битола, награда во Србија на фестивал на монодрама, потоа на фестивал во Земун и од жири и од публика и многу други. Moving Music Theatre (MMT) создава современа музика за театар и танц, современи форми на опера, музички и театарски експериментални изведби.
Се стреми да ги претстави своите продукции насекаде низ светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!