Home / Uncategorized / ВМРО ДПМНЕ ја почна трката за претседателските избори

ВМРО ДПМНЕ ја почна трката за претседателските избори

Најдоцна до 11 јануари опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави огласот за пријавување кандидати за претстојните парламентарни избори во Македонија, а конвенцијата за претставувањето на кандидатите ќе се одржи на 16 февруари 2019 година, соопшти претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Извршниот комитет, според Мицкоски, денеска во Прилеп донел заклучок, кој ќе биде презентиран на Централниот комитет на партијата, и на кој ќе се бара поддрршка, за најдоцна до 11 јануари да биде објавен огласот на кој сите граѓани на Македонија ќе може да поднесат кандидатурата со која ќе ја побараат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ на следните претседателски избори.

-Огласот ќе трае десеттина дена. Потоа ќе се констатира листата на пријавените претседателски кандидати. Во рок од 15 дена, не подоцна од 15 февруари, ќе трае нивното образложение за визијата за иден пртседател на Република Макеоднија и за политиките кои ќе ги водат, во рамките на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, преку средби со граѓани. Потоа, на 16 февруари, на конвенција, ВМРО-ДПМНЕ, ќе го избере претседателскиот кандидат, односно кандидатот кој ќе ја добие поддршката на партијата на следните претседателски избори, објаснува Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*