Home / Колумни / Нови(предвремени)избори за стари теми

Нови(предвремени)избори за стари теми

                       

           По ратификацијата на Преспанскиот договор во Парламентот во Атина,  Република(Северна ) Македонија е пред нов избор.

          Незадовона од промената на Уставното име, опозиционата ВМРО ДПМНЕ, предводена од лидерот, Христијан Мицкоски  бара нови предвремени парламентарни избори на кои според него народот (треба) ќе  ја казни Владата на “предавникот “ Зоран Заев, кој наводно  и го продаде името на Грција.

          Додека Кабинетот на Заев, по решавањето на клучното политичко прашање за Република ( Северна ) Македонија, кое цели  три децении го стопираше напредувањето на државата кон ЕУ и НАТО, најави свртување кон решавањето на економските проблеми  и прашања, опозиционата ВМРО ДПМНЕ бара заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори, на кои Мицкоски очекува сигурна и убедлива победа.

           Ваквото барање на опозицијата засега власта го одбива со задршка, притоа тврдејќи дека иако Мицкоски бара предвремени  парламентарни избори, сепак тој, според Заев моли бога тие да не се случат затоа што е свесен дека власта ќе извојува убедлива победа.

          Таквиот свој  оптимизам Заев го правда со тоа што сите анкети кои ги правела неговата партија и невладините организации покажувале дека расположението кај народот е за власта.

          Сличен оптимизам, дека на евентуалните предвремени парламентари избори ќе извојува убедлива победа и дека народот на претстојните претседателски и парламентарни  избори ќе ја казни власта на СДСМ, која покрај тоа што го смени името на државата, не успеа да испорача никакви економски реформи и дека на економски план државата тони во бездна.

          За тоа дали ќе има предвремени парламентарни избори ќе се знае деновиве, кога треба да се изјаснат партиските тела. Според распоредот на силите во парламентот тоа исклучиво зависи од владеачкото мнозинство, кое ја има одлуката во свои раце.

           Засега како што стојат работите, кога ја пишувам оваа колумна сеуште СДСМ ја нема донесено одлуката.

          Од владеачката партија тврдат дека сега не е време за избори и дека доколку оваа партија гледа од чисто партиски агол, во овој момент, по успешното решавње на три деценискиот спор со Грција и отворањето на патот кон Брисел, на СДСМ најмногу и одговрааат предвремени парламентарни избори.

          Но гледано од аспект на државните интереси, предвремените парламентарни избори, заедно со претседателските, во овој момент не се нужни и дека не само што ќе преставуваат трошок за државата, туку во голема мера ќе ги забави реформите, кон кои во наредниот пердиот ке се сконцентрира власта.

           Дали ќе има парламентарни избори или не ќе се знае наскоро.

          Но тоа што  се знае сега е дека доколку се случат новите предвремени парламентарни избори, сигурен сум дека кампањата која ќе ја водат партиите ќе биде на старите и за македонската јавност веќе одамна познати теми.

          Ако се гледа по тоа колку често се случуваат предвремените парламентари избори кај нас, Македонија одамна наликува на Италија.

          Дури мислам  дека по бројот на одржаните предвремени парламентарни избори во последните десетина години, кога Груевски беше на власт Македонија ја надмина и Италија.

           Стара и добро позната вистина е дека власта се губи и добива на избори.

          Оттаму ми е сосема разбирливо што Мицкоски се залага за предвремени парламентарни избори.

          Доколку тие се закажат според Пржинскиот договор, во тој случај како што тоа го направи СДСМ, ВМРО ДПМНЕ  пред одржувањето на изборите ќе стане дел од власта  на извесен начин ќе може да го контролира изборниот процес. Во таков случај ВМРО ДПМНЕ би имал неколку значајни министерски и заменички места преку кои не само што ќе го контролира изборниот процес, туку ќе ги контролира и парите, а СДСМ ќе мора да именува технички премиер.   Во тој случај реформите ќе мора да се стават ад акта и целото внимание ќе се сврти кон изборите.

          И како што вообичаено кај нас за време на изборниот процес, во тој случај претседателските избори ќе бидат ставени во аут и тие нема да бидат тема на дебата, а целото внимание партиите ќе го насочат кон парламентарните избори и освојување на што поголем број пратенички места.

          Тогаш убеден сум дека наместо за личноста која треба да ја застапува и промовира Република ( Северна ) Македонија во земјата и станство ќе биде маргинализирана, а главаната дебата ќе биде  насочена кон тоа кој е предавник, а кој патриот, кој ја украде и заглави  Македонија, гломазната администрација, партизираното судство, наместените тендери и јавни набавки, кој го загадува, а кој (не ) го чисти возудхот, кој колку инвеститори донел во државата, кој е виновен за иселувањето на младите, кој што сработил или не сработил, (не)зависното судство, партизираното обвинителство, партискиот реваншизам… прашања и теми кои досега се стопати апсолвирани.

          Затоа во овој момент на Македонија најмалку и се нужни предвремени парламентарни избори. Партиите силите кај гласачкото тело можат да ги измерат на  редовните претседателските избори, на кои македонските граѓани ќе можат да се изјаснат за политиките  на власта или барањата на опозицијата.

          Иако изборите се најдемократски чин, сепак ми се чини  дека предвремените парламентарни избори може да почекаат бидејќи  време е власта, сега кога е ослободена од главниот политички проблем,  да го  реализира тоа што го вети на економски план. За избори секогаш има време и никогаш не е доцна, уште повеќе што на  евентуално новите парламентарни избори во најголем број ќе ги видиме старите и веќе познати лица, кои единстевно биле доследни во својата  политичка недоследност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*