Home / Uncategorized / Фетаи побара притвор за Груевски

Фетаи побара притвор за Груевски

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи побара притвор за поранешниот премиер Никола Груевски, поради неговото постојано доцнење на судските рочишта.

Груевски доцнел 15 минути и на денешното рочиште за предметот на СЈО „Насилство во Центар“, во коj е првообвинет. Токму затоа, Фетаи побарала притвор за него, или пак, полицијата да го спроведува до Судот.

На денешното рочиште за „Насилство во Центар“ треба да сведочат двајца советници од СДСМ. Во предметот обвинети се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

Обвинетите се товарат за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*