Home / Uncategorized / Откорната бистата на херојот Панде Кајзеро

Откорната бистата на херојот Панде Кајзеро

Доцна во саботата, или рано изутрина во неделата, засега непознати лица ја остранија бистата на народниот херој Панде Кајзеро во населбата “Стрчин” во Битола.

Бистата, која беше поставена  на спомен обележјето  во дворот на  Месната канцеларија и колонијатната продавница  била остранета насила од споменикот и оставена на земја.

Засега непознатите лица, кои ја остраниле бистата  на излозите на продавницата и месната канцеларија  испишале пароли со политичка содржина  “ Името е идентитет на човекот “ и “Бојкот” на Референдумот.

Според жителите на оваа населба  тие не знаат кој би можел тоа да го направи, но најверојатно настанот се случил по одржувањето на прославата на плоштадот “Гоце Делчев” по повод поканата за членство во НАТО, која ја организираше Владата на Република Македонија и на која присуствуваше премиерот Зоран Заев.

За немилиот настан била известена полицијата која ги презема сите чекори да ги пронајде лицата кои го стериле овој вандалски чин.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*