Home / Политика / Горан Милевски нов лидер на ЛДП!?

Горан Милевски нов лидер на ЛДП!?

Иако до конгресот на ЛДП, кој треба да се одржи на 1 февруари во Скопје остануваат  уште  четири  дена, сепак веќе со сигурност може да се каже дека екс- советникот на битолските либерал демократи и актуелен пратеник во оставка Горан Милевски е новиот лидер на ЛДП на Македонија.
Горан Милевски, кој уште пред два месеци јавно ја обзнани својата канидатура и излезе во јавноста со оптмистички изјави дека тој на претсојниот конгрес на партијата ќе извојува победа засега е единстевниоткандидат за претседател на ЛДП.

 
Според партиски извори на оваа партија досега ниту еден друг член на ЛДП нема најавено кандидатура за претседателската фотелја.

 
Иако,  според Статутот на партијата постојат статутарни можности дури и пред самиот почеток на Конгресот некој да ја најави својата кандидатура или пак да биде номиниран за кандидат, сепак мала е веројатноста Милевски на конгресот да добие против кандидат, бидјеќи барем додека го подготвувавме овој текст таква можност досега никој не најавил.

 

Во ЛДП од можноста да се кандидираат  за престижната функција на ЛДП се откажале  сите членови на партијата. Од можноста да му се спротистават на Милевски се откажале дури и тие кои во партијата важеа за негови најголеми критичари и опозиционери.
Што е тоа што ги исплаши членовите на ЛДП да му се спротистават  на Милевски засега  е прашање кое останува без одговор.
На ова прашање одговор нема ни самиот Милевски, кој не знае зошто се исплашија членовите на партијата да му се спротистават  на претстојниот конгрес.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*