Home / Македонија / Груевски: СДСМ и Заев на 11 декември ќе доживеат историски најубедлив пораз

Груевски: СДСМ и Заев на 11 декември ќе доживеат историски најубедлив пораз

На 11 декември, СДСМ предводена од лидерот Зоран Заев,  ќе доживеат историски најголем пораз, не само во историјата на СДСМ, туку и во историјата на парламентарните избори во Македонија.

Тоа му е сосема јасно и на Зоран Заев, кој деновие  се обидува да ги разубеди своите членови дека СДСМ немало да победи на изборите на 11 декември и дека ќе доживеал минимален пораз, но тоа ќе му овозможело да влезе во некоја идна влада, која би била составена од наводна широка коалиција.

Одовде од Битола му порачувам на Заев дека залудно  се лаже и себеси и своите членови. Поразот на СДСМ нема да биде мал, туку ќе биде огромен и дека нема да има никаква Широка коалиција, бидејќи со таква влада само би се продлабочила кризата во Македонија, а идниот премиер на Владата на Република Македонија нема да го одредуваат никакви странски центри на моќ туку народот на Република Македонија, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на митингот во Битола, на  кој и покрај студеното време присуствуваа голем број членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ и неговите коалициони партнери.

Токму заради  таквите математики на Заев  на ВМРО ДПМНЕ  му е потребна голема победа од најмалку 63 пратеници и таа ќе се случи. Тоа треба да се случи за да еднаш веќе престане политичката криза во Република Македонија и да прекинат сите калкулации на некои политички партии, како што имавме можност да проследиме деновиве во некои медиуми,   дека во случај на тоа ВМРО ДПМНЕ да не освоел доволен   број гласови  за да состави влада, албанец ќе бидел премиер на Македонија, рече Груевски.

Груевски побара најмасовно излегување на изборите на 11 декември и референдумско изјаснување на граѓаните, кои треба со тоа да му стават крај на кризата.

Груевски остро ги критикуваше настапите на Заев кој тврдеше дека во Македонија  имало наводно најпрво 500.000 фантомски гласачи, а потоа 300.000, па 100.000 ,10.000  за да на крајот  ДИК потврди  дека  за следните избори ќе има 5.000 гласачи повеќе во однос на 2014 година.

-ДИК деновиве потврди дека во Македонија на изборите во 2014 год. немало ниту еден  фантомски гласач, рече Груевски.

Тој  ги критикуваше мерките кои ги најавува Заев дека на крајот на годината на граѓаните ќе им врател од ДДВ  по 500 евра.

-Деновиве ние опсежно  ги анализиравме таквите негови ветувања и дојдовме до заклучок дека за да му врати  Заев 500 евра од ДДВ на гарѓаните тие месечно треба да трошат  од 2.500 до 3.000 евра. што е неостварливо, како што е невозможно просечната плата да биде 30.000 евра, бидејќи просечната плата ниту ја одредува ниту може да ја одредува Владата, рече Груевски.

Груевски на митингот во Битола најави мошне крупни инвестициони вложувања во два модерни влезови во градот, потоа изградба на експресен пат за граничниот премин Меџитлија,  изградба  на нов спортски центар  во вредност од 13 милиони евра.

Груевски најави и две нови странски инвестиции во индустриската зона “Жабени” на една турска компанија во вредост д 8 милиони и 600.000  евра, во кја ќе се вработат 110 граѓани,  а втората  на грчката компанија “Пластик” од Атина во вредност од  2 милиони евра за изолациони материјали, која ќе вработи 150 лица.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!