Don't Miss
Home / Uncategorized / И повредената девојка транспортирана во Скопје

И повредената девојка транспортирана во Скопје

Тешко повредената девојка од Битола, Т. С. на возраст од 21 година, како и момчето Х.С. 19 ќе биде транспортирана за Скопје на потанатомошно лекување.

Девојката, која се здоби со тешки телесни повреди се наоѓа исто така во тешка здраствена состојба, па затоа во Клиничката болница во Битола одлучија и неа да ја транспортираат за Скопје.

Инаку, возачот на автомобилот марка “ буба” со прилепски регистерски таблици, деветнаесетгодишниот Х.С се наоѓа во животно загрозена состојба.

Тој рано изутрината со серизони повреди на главата, градниот кош и абдомнетот беше транспортиран на Клиниките во Скопје и сместен на лекување во КАРИЛ, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Несреќата се случи денеска рано изутрината, околу околу 02,30 часот на
улицата “Партизанска“  во Битола, во близина на Касарната кога од засега непознати причини
возачот на автомобилот марка “ буба” со прилепски регистерски таблички Х.С.(19) изгубил контрола врз возилото и удрил во дрво.

Од силниот удар со сериозни повреди покрај него се здобила и неговата сопатничка Т.
С. од Битола на возраст од 21 година.

Двајцата повредени со возило на брзата медицинска помош  веднаш биле пренесени во
Клиничката болница во Битола, каде веднаш биле хоспитализирани, во службата за интензивна нега и реанимација.

Но поради сериозноста на повредите  најпрво возачот, Х.С. во раните утрински часови, а во
попладневните часови и  девојката биле транспортирани за Скопје на една од Клиниките.

Во СВР Битола засега сеуште не можат да изнесуваат детали за тоа како дошло до истата и кои биле причините што возачот изгубил контрола и удрил во дрвото.

Истрагата за тешката сообраќајна несреќа ја води основното јавно обвинителство во Битола, кое веднаш по несреќата излезе на  терен и направи увид на местото на несреќата.

Инаку,  според информации на “Битолски весник“,  возачот на автомобилот е од Прилеп, а  тешко повредената девојка е битолчанка на возраст од 21 година.

 

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*