Home / Вести / Илија Димовски: Конгресот нелегитимен

Илија Димовски: Конгресот нелегитимен

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски нема да присуствува на Конгресот на партијата, бидејќи според него раководните лица и органи во партијата не овозможиле услови за демократски избор на претседател кој ќе ја отсликал волјата на членовите.

„Овој Конгрес не го носи со себе легитимитетот на широкото и големо членство на ВМРО-ДПМНЕ. Има политички дефицит и јасни одрази на креирање на состојба на формален избор на веќе одлучено решение, без вклученост на нашите местни и општински комитети, ветераните и сите членови на партијата. Моите забелешки не се од персонални причини, туку станува збор за принципиелни и концептуални разлики“, пишува Димовски на социјалните мрежи.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија која во Македонија ја промовираше идејата за демократија, слобода и плурализам, па така мора да биде и сега. Тој неговата матична партија ја карактеризира како предводник на патриотските, прогресивните и граѓанските сили кои се борат за силна, демократска и европска Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!