Home / Uncategorized / Koнкретни мерки за нови вработувања

Koнкретни мерки за нови вработувања

Нема ништо поважно од нашите деца, од нашите внуци, од нашата младина, истакна Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола од СДСМ и Коалицијата и најави конкретни мерки за нови работни места и вработувања во локалните јавни претпријатија.

– Како граѓани, како локална самоуправа мора и ќе го дадеме својот максимум за младоста да ни остане во Битола, за Битола да ни биде убава. Новата локална самоуправа предводена од СДСМ и Коалицијата ќе овозможи поддршка на сите инвеститори, домашни или странски, за младите да имаат вработувања и егзистенција во нашиот град. Ќе обезбедиме предност при вработување во јавните претпријатија на најдобрите студенти и најдобрите средношколци, ќе ги зголемиме спортско-рекреативните капацитети во Битола, ќе ги оплемениме месните заедници за младински активизам, ќе обезбедиме бесплатни влезници за културните настани за првенците на генерацијата и децата со посебни потреби. Младоста е во нашиот фокус, посочи Наташа Петровска, кандидат за градоначалник на Битола, предложена од СДСМ и Коалицијата “Живот за сите“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*