Home / Култура / Концерт на етно групата „Монистра” во Битола

Концерт на етно групата „Монистра” во Битола

На 19 јуни 2015 година со почеток во 20.00 часот во големата сала на Центарот за култура Битола ќе се одржи концерт на Етно групата “Монистра“.

Етно групата “Монистра“  која делува од 2002 година ја сочинуваат:Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда,  Филип Николовски – тамбура, Јован Стрезовски – тамбура, Марјан Андоновски – тапан, тарабука, Дамјан Зифовски – ударни инструменти, Габриела Јанушевска – вокал, Дарко Ничевски – клавијатури.

Етно групата Монистра, која интерпретира македонска етно музика на изворни инструменти збогатена со современи аранжмани, со својот квалитет и креативен пристап успеа да се етаблира на македонската музичка сцена.
Од формирањето до денес, освен во Македонија групата Монистра  настапувала во Израел, Франција, Египет, Италија, Турција, Словенија и Хрватска.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*