Home / Интервјуа / Крајно време е да се пронајдеме себе во себеси

Крајно време е да се пронајдеме себе во себеси

                 

 -Во секое искушение што не снаоѓа, ние треба да ја пронаоѓаме Божјата семилостива промисла за нас и да го исползуваме тоа испитание за сечие добро. Нашиот народ честопати повторува една преубава изрека: „Секое зло за добро”. Ова не се само празни зборови за некому да му се даде некаква плитка утеха.

 Напротив, оваа фраза крие во себе длабока теологија. Според значењето таа се изедначува со она евангелското: „Преку крст до воскресение”. Впрочем, да се потсетиме дека Господ Христос го ползувал секое искушение, секое зло, за да направи многукратно добро. Преку Своето Сопствено страдание и Крст, тој му дарува на светот воскресение, живот и радост. „Зашто, ете, преку Крстот дојде радост за целиот свет” – пееме во една црковна химна. Па така, треба да Му дозволиме, преку молитва, покајание и смирение, и ова искушение да го претвори во општо добро. И секако, смирено да се молиме да се смилува, за што побргу, со Негова помош, да се надминеме оваа криза.

         И трагичното не е тоа што сега не камшикува некоја казна Божја – не, туку не камшикуваат плодовите на нашите сопствени дела. А зошто е тоа така? Затоа што мнозинството луѓе се оддалечија од својот Отец и Творец. И сега ги знееме плодовите на тоа оддалечување. Се оддалечивме од Бога, а со тоа се оддалечивме и од самите себе и од нашите ближни. Станавме идоли самите на себе. „Идол на самиот себе постанав” – како што вели Свети Андреј Критски во неговиот Покаен канон. Ја изгубивме страхопочитта кон Бога, а со тоа и почитта меѓу себе. Човештвото се беше впуштило во една безумна трка за материјални богатства, слава, мок, суета.

          Ова го изјави во ексклузивното интервју за “Битолски весник” архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител”по повод големиот христијански празник Велигден, кое ќе излези од печат среда на 15 април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!