Home / Вести / Миленко Неделковски: Оставка на комплетното раководство на ВМРО ДПМНЕ

Миленко Неделковски: Оставка на комплетното раководство на ВМРО ДПМНЕ

 Никола Груевски појде по патот на Бранко Црвенковски и неговото “народот е во право и кога греши“

Ова го пишува Миленко Неделковски на својот портал , во анализата на изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пази – пишува Неделковски – нема грешки, има само “евентуални грешки“. Може да се, ама и не мора да се!

ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски продолжуваат и забрзуваат со “божјиот синдром“ на непогрешливи, пишува Миленко и додава:

–  Сите виновни – тие само “евентуално“. Но, ако се погледне целата работа надвор од кабинетите во “Белиот дворец“, најмалку што можеше да очекува Македонија е ако не синојка, тоа барем денеска до пладне, комплетниот ИК на ВМРО ДПМНЕ да излезе со соопштение за поднесување неотповиклива оставка. Поради катастрофалниот пораз. И, во исто време, да побара партијата да ги стегне и прочисти своите редови, па да изнедри нов, свеж и неискомпромитиран ИК.заклучува Миленко Неделковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!