Home / Македонија / Мирен протест на битолските студенти

Мирен протест на битолските студенти

Приврзаници  на Студентскиот Пленум во Битола, се приклучија на протестот на студентите од цела Македонија, на мирен протестен марш, кој точно на пладне го започнаа од пред Техничкиот факултет во Битола, по Широк Сокак  а го завршија пред Ректоратот на Битолскиот универзитет.

 

20141210_124639                         20141210_130802       20141210_121519

Битолските студенти денеска, излегоа на протест за да му речат стоп на според нив лошите реформи во образованието. Уште еднаш повторија дека се против државен испит, бидејќи со тоа е нарушена автономијата на универзитетите, и дека знаењето на студентите не може да се измери со сто прашања.

-Добивме информации од ученици од средните училишта дека одредени директори им забраниле на средношколците да излезат на протест и дека ќе им биде намалено поведението. Доколку не се има слух за нашите барања, повторно ќе протестираме- истакна Бранко Јаковчевски, претставник на Студентскиот Пленум во Битола.

 

protesti 3

Студентите од Битола се оградија од политичките партии и велат дека нема да дозволат да им се ставаат етикети од страна на политичките партии дека се полтрони на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.

 

protesti 2

-Ние сме студенти, индексот е нашата единствена книшка и ќе одиме до крајната цел, исполнување на нашите барања. – повторија битолските студенти.

 

 

 

Б.В.

Фото:  С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*