Home / Колумни / Народните избраници му пресудија на народот

Народните избраници му пресудија на народот

Се случи и тоа. Во петокот, на 19 октомври, доцна вечерта, во една напната, тензична и нервозна атмосвера, на многу дебатирања, условувања, (раз)убедувања, уцени, закани, притисоци и ветувања… пратениците на Собранието со двотертинско мнозинство, со 80 гласови за донесоа одлука да се отвори Уставот на Република Македонија за Преспанскиот договор.

Отворањето на Уставот на државата уште истата вечер им ги затвори политичките кариери на најмалку  оусммина пратеници, од опозицијата кои собраа храброст, или покажаа слабост, неиздржувајќи го притисокот и гласаа за смена на Уставот, а  во таа смисла и смена на уставното име Република Македонија во Република Северна Македонија.

Иако е премногу остро да се каже тоа што го рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека тоа беше црн петок за Македонија, сепак по многу нешта, петокот (19 октомври ) ќе остане забележан во македонската историја како ден кога народните избраници му пресудија на народот и на државата  и донесоа одлука за смена на уставното име.

По донесувањето на таквата одлука за власта не само нивните пратеници, туку и осумтемина пратеници од опозицијата, кои гласаа ЗА се вистински херои на Македонија, кои собраа храброст и со својот глас одлучија  Македонија да го прифати договорот со Грција од Нивице и на тој начин да си го отвори патот за влез во НАТО и  почеток на преговорите за влез во ЕУ, под новото име Република Северна Македонија.

Додека за власта пратениците кои гласаа за  се херои, за опозицијата не само пратениците од владеачкото мнозинство, туку и нивните осуммина пратеници, кои не го послушаа ставот на партијата се изроди и предавници, кои водени од лични побуди му пресудија на државата, а кои допрва треба да го очекуваат судот на народот.

Во ваква ситуација на поделеност се чини дека залудни се обидите на премиерот  Зоран Заев за национално помирување.

Раководствата на двете политички партии, а и најголем дел од народот сега е уште повеќе поделен меѓу себе, на патриоти и предавници.

Деновиве, по донесувањето на одлуката, најголемиот дел од јавноста  смета дека овој пат наместо народот на пратениците, пратениците му пресудија на народот.

Разликата е во тоа што сега за разлика од референдумот на кој не се знаеше кој е за Европска или Балканска Македонија, бидејки гласањето беше тајно, познати се имињата и презимињата на тие кои со својот поединечен  глас јавно,  пред македонската јавност го искажаа својот партиски, или личен став.

Овој пат клучната одлука ја донесоа пратениците на опозицијата кои гласаа ЗА.

Тоа што останува непознато е дали тие својата одлука ја донесоа самите, по своја совест или убедување,  или под влијание на притисоците на кои беа изложени последните денови, па дури и на самиот ден на гласањето.

Доколку  тие таквата одлука ја донеле од свои убедувања, или во интерес на државата, тоа би било се во ред. Но имајки ги предвид имињата на пратениците  од опозицијата кои гласаа ЗА, а против кои во најголем број се водат истраги и се предмет на обвиненија за тежок криминал од СЈО, се чини дека  тие за ваквото гласање наводно во “интерес на државата” појдоа пред се и над се од своите лични желби и потреби, да се спасат од одење в затвор.

Како инаку да се толкуваат салто мортале промените на ставовите на некои пратеници, кои до последен момент беа жестоки критичари на Преспанскиот договор  и на власта и важеа храбри борци за спас на Уставот.

Посебно тука симптоматична е промената на мислењето на екс министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска, најверната соработничка и поддржувачка на екс прмиерот Никола Груевски.

Иако никој не сака да зборува за тоа, сепак сите информации говорат дека при (раз)убедувањето на пратениците, не само што имало големи притисоци и закани, туку имало и големи ветувња.

Дали тие биле во пари остапки или други услуги засега јавноста не знае.

Тоа го знаат само тие кои ги водеа “преговорите “ и кои во последен момент ја сменаа одлуката.

Како и да е. Со гласањето во петокот Македонија го направи првиот и најтежок чекор на патот кон евроатланските интеграции.

Пред оваа влада и парламентарен состав во наредниот период престојат уште многу тешки и би рекол  историски седници”, на кои ќе се расправа за индината на државата.

Иако лидерот Мицкоски го тврдеше спротивното, во петокот се покажа дека пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ не била единстевна како ни ја прикажуваа и дека во овој момент добар дел од пратеницте се повеќе загрижени за својата лична судбина, отколку за иднината на државата.

Во наредните денови ќе бидеме сведоци на нови (раз)убедувња и прего вори, но и на долготрајни жестоки “патриотски “ дебати за уставните амандмани, со чие усвојување конечно Македонија ќе ги исполни условите од Преспанскиот договор, кои треба да придонесат за брз влез на државата во НАТО и отпочнување на процесот на преговори за ЕУ.

Премиерот Заев деновиве јавно од говорницата повика на помирување и национално обединување околу иднината на државата.

Тоа е добро не само за власта, туку и за опозицијата, а најмногу за нароодт, кој е раскаран по сите основи. Но доколку се смета дека “помирувањето “ треба да се сфати со простување на криминалот и кривичните дела на обвинетите кои во петокот гласаа ЗА, тогаш црно му се пишува на Република ( Северна) Македонија.

Таква Македонија не му треба  на ЕУ,  а сигурен сум ни нам,зашто таква Македонија  никој не ја посакува, најмалку народот.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!