Home / Вести / Наташа Петровска: Време е да се преиспитаме кој како се однесува(ле)

Наташа Петровска: Време е да се преиспитаме кој како се однесува(ле)

          Откако и Битола стана еден од градовите во које има заболен од корона вирусот и осоебно по сместувањето на 45 повратници од Малта во хотелот “ Трудбеник “ во Епинал со соопштеие с ејави градначалничката на Битола, Наташа Петровска која беше цел на жестоки критики на социјалните мрежи.

-Се соочуваме со еден од најтешките предизвици во поновата историја. И претходно кажав, што и да се прави, само ја ублажува, но не ја елимира опасноста од COVID 19.

          Од земените примероци за проверка,  веќе сме град во кој е констатирано присуството на корона вирусот што значело негово присуство во градот и во изминатиов период. 

Да се запрашаме, колкумина од нас биле надвор од Битола, колкумина биле во близина на вирусот?!

Колкумина не ги почитуваа  мерките на непотребно излегување и пиење кафе во локалите, наместо дома?

Ова не е битка на етникум, партија, вера, ова не е битка на еден, на неколкумина, или на неколку семејства, ова е битка на сите нас. Ова е битка на човештвото.

Но она што треба да победи е ЧОВЕКОТ. Човекот пред се’.

Се гордеам што вчера видов ЛУЃЕ, и покрај сета кревкост на човекот, видов луѓе во многумина, и тоа од различни партии, од различни националности и различна вероисповед.

Видов луѓе кои не сметаат дека 2.500 граѓани вратени во својата таковина се нешто што ни го даде Европа туку се наши деца, мајки, браќа,… пристигнати во својата татковина.

Се полемизираше многу околу локацијата?! Ниедна локација не е подобра или полоша.

Вирусот не мирува заради локацијата. Вирусот можи да се победи само со нашето однесување, со контролирана изолација, избегнување на непотребни излегувања и почитување на протоколи и препораки што со еден збор се вика дисциплина.

Како Градоначалник не поддржувам обзнанување на список на згрижените во оваа контролирана изолација. Тоа не се луѓе кои треба да бидат стигматизирани само заради тоа што треба да поминат денови во изолација како претпазливост на сите нас за евентуални, повторувам евентуални заразени.  Конечно, да се држиме до премисата, не прави му го никому она што не би го правел за ближниот свој.

Сеуште ги гледам солзите на една мајка која деновиве ми се обрати со зборовите: Градоначалничке, го чекам моето дете и се молам да успее да се врати дома!

Тие насолзени очи може да бидат сечии.

Токму затоа, повикувам на смиреност, почитување на препораките и оставање на стручните лица да го прават своето.  Она што е наједноставно, за сите, е да се посветат на своите најблиски и овие денови да се крепат меѓусебно.

А оние кои мора да работаат, да не заборавиме, најмалку им треба оптоварувањето со нестручност.

Изразувам длабока поддршка до сите здравствени работници од нашиот град, кои сите овие денови беа посветени на подготвеност во делот на протоколите и внесени во своите обврски. И секако на полицијата која е исто така клучна карика во контролата на редот.

Но на дел од нив им порачувам, да останат посветени на своите обврски наместо на социјалните мрежи. Нивните претпоставени ги охрабрувам да постапат соодветно.

Денес добив нов повик од наша сограѓанка која е во Србија и бара помош да е врати во својата татковина. Не се двоумам ни ронка, како што пред 10 дена не се двоумев за наши деца заглавени во Копенхаген,  дека треба да го вложам својот максимум да успеам во тоа да ја вратам во нашата, но и нејзина татковина.

Како човек, длабоко сакам да верувам дека во слична ситуација некој тоа би го направила и за моите деца.

Најдлабоко замолувам, СЕДЕТЕ дома, не излегувајте непотребно, а кога мора да го направите тоа, почитувате ги преораките на заштита, истакна во своето обраќање градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!