Home / Uncategorized / Номинирани веќе над 50 битолчани за Изборот “ Најуспешни битолчан(к)и “

Номинирани веќе над 50 битолчани за Изборот “ Најуспешни битолчан(к)и “

Во организација на најстариот неделен весник во државата, Битолски весник, кој навлезе во 57 година од печатењето на првиот број, ги почна подготовките за традиционалната манифестација „Избираме најуспешни битолчани“.

Само што ја најави Манифестацијата, веќе до редакцијата на Весникот пристигнаа над 50 номинации за престижните признанија на Битолски весник, кој оваа традицонална манифестација ја организира по 21-ви пат. Во изборот на Битолски весник се избираат најуспешните битолчани во повеќе категории, кои со своите резултати и постигнувања ја афирмирале Битола, но се афирмирале и себеси во претходната година.

На Манифестацијата, чиј завршен дел Весникот ја организира во најголемиот и најелитниот ресторан во Битола, „Вавилон“ пред најмалку 800 гости, со свечена вечера и спектакуларна забава, ќе бидат свечено прогласени најуспешните битолчани во областа на образованието, науката, невладините организации, здруженија на граѓани, спортот, политиката, бизнисот, уметноста, културата, стопанството, занаетчиството…

Освен по категории весникот доделува и посебни награди, како и традицоналните признанија „Ајри Демировски “ во областа на музиката, како и наградата „Гран при“, која минатата година ја освои најпознатиот адвокат од Битола во Србија, Тома Фила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!