Home / Култура / Новогодишен концерт на Камерниот оркестар

Новогодишен концерт на Камерниот оркестар

Камерниот оркестар на Битола вечерва  ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт, годинава со наслов „Џејмс Бонд Симфонија“.

Од Центарот за култура-Битола информираат дека станува збор за музичка понуда која предизвика голем интерес во повеќе македонски градови, серијал концерти, кои завршуваат вечер со новогодишен концерт.

– Во големата сала на Центарот за култура ќе настапат триесеттина музичари и артистите солисти Наде Талевска, Мики Секуловски, Ирена Димовска и Нина Јанева. Музичкиот избор инспириран од музиката во филмовите на Џејмс Бонд е прифатлив за публиката и атрактивен и затоа влезниците се распродадени, информираа од секторот за односи со јавност на националната установа.

Камерниот оркестар на Битола годинава регистрира повеќе успешни настапи, а приреди и летна концертна турнеја во Штип, Кавадарци и Скопје.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*